Пожарот кај село Фурка меѓу општина Дојран и Богданци е се уште активен, но со намален интензитет. Гори деградирана шума-прнар, а на места има и борова шума. Пожарот е активен на кракот на западната страна кон Богданци и мал крак кон рибник „Елита“.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), утрово околу 5 часот на терен се излезени околу 40 до 50 луѓе од ТППЕ-Гевгелија, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) -Валандово, ЈПНШ Подружница Кожув и локалното население

Од ЦУК посочуваат дека се ангажирани Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Гевгелија со 10 до 14 пожарникари и три противпожарни моторни возила, доброволно противпожарно друштво Дојран со четири лица и едно возило, „Комуналец“ – Гевгелија со една цистерна и двајца вработени за дотур на вода, Комунално Дојран со две возила и 10 вработени, Јавното претпријатие Национални шуми – Подружница „Кожув“ – Гевгелија со две возила и 10 вработени,ТППЕ Кавадарци со 2 противпожарни возила и осум пожарникари, ТППЕ Валандово со едно противпожарно возило и тројца пожарникари, Дирекција за заштита и спасување (ДЗС) -Валандово со едно возило и пет членови на тимот за брз одговор, МВР ПС Гевгелија со две патролни возила и ТППЕ Струмица со едно возило и 4-5 лица.

Во последните 24 часа се изгаснатаи 12 пожари во земјава.

Во Струмица, кај селата Ангелци и Вељуса гореше стрниште, кое е изгаснато со две противпожарни возила и шест пожарникари.

Во Валандово, кај село Пирава гореше деградирана шума. Пожарот е изгаснат од ТППЕ Валандово со шест пожарникари и две возила и од ЈПНШ Подружница Саланџак-Валандово, со шест вработени и две возила.

Во радовишките села Ињево и Воиславци гореше стрниште, а пожарот е изгаснат со две противпожарни возила и пет пожарникари.

Кај селата Житоше и Борино имаше шумски пожар на нискостеблеста деградирана дабова шума, кој е изгаснат со еднопротивпожарно возило со четири пожарникари, тројца вработени во ЈП Национални Шуми, подружница Липа – Крушево и четири лица од месното население.

Изгаснат е пожарот на депонијата во Крушево со едно противпожарно возило и двајца пожарникари.

РЦУК – Штип информира дека пожарот на стрниште кај месноста викана Лезовски Кантон е изгаснат со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.

Изгаснат е и пожарот во општина Јегуновце, во кој беше зафатена покривната конструкција и еден кат од куќа во село Орашје. Пожарот е изгаснат со три противпожарни возила и 12 пожарникари.

Во Тетово гореше сува трева и ѓубриште до стариот објект на Воспитно-поправниот дом Тетово. Пожарот е изгаснат со две противпожарни возила и четири пожарникари.

Со едно противпожарно возило и тројца пожарникари изгаснат е пожарот на стрништето во село Романовце, Кумановско.

Во општина Кичево, село Ложани гореше стрниште. Пожарот е изгаснат со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.

Пожарот кој почна вчера во село Гајре, општина Тетово е целосно локализиран во 14:40 часот од страна на ТППЕ Тетово со две противпожарни возила и шест пожарникари.

Изгаснат е пожарот кај стариот пат од Тетово кон Желино, каде гореше сува трева и ѓубре. Во гаснењето се вклучија ТППЕ Тетово со едно противпожарно возило и четворица пожарникари.

Во село Челопек, Општина Брвеница од мали деца, од невнимание, било запалено балирано сено. Се интервенирало со две противпожарни возила и пет пожарникари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.