Доколку одлуката на Врховниот суд за случајот „Транспортер“ биде дека е важечка аболицијата дадена од поранешниот претседател Ѓорге Иванов тоа ќе биде јасен показтел во кој правец ќе се движат и одлуките на Судот за човекови права во Стразбур.
Она што е важно дека одлуката на Врховниот суд за овој случај, ќе важат и за останатите судски предмети во кои се вклучени лица што добија аболиција од Иванов.
Ова доаѓа откако на средината на февруари Стразбур се изјасни дека барањето дали важат аболициите е преурането и оти апликантите прерано се жалеле, односно ги „прескокнале“ повисоките македонски судови.
Обвинетите од СЈО мора да ги поминат сите домашни редовни и вонредни правни лекови што им стојат на располагање, односно Апелацискиот и Врховниот суд, па дури тогаш да ја тужат државата.
Зад тужбата стојат Никола Груевски, Тони Јакимовски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Сашо Мијалков, Кирил Божиновски и други, коишто беа опфатени со аболицијата на експретседателот Ѓорге Иванов, а се обвинети во предметите кои ги отвори поранешното СЈО.
Тие доставија жалба во 2017 година, во која се повикуваат на одлука во Стразбур за сличен случај кога било одлучено дека доделена аболиција не може да биде поништена.
Со аболицијата на Иванов од април 2016 година беа опфатени 54 лица од предметите на СЈО. Но, таквиот потег на бившиот претседател предизвика бурни реакции во јавноста и протести, па по месец и половина и по направени законски измени во Законот за помилување тој ги повлече аболициите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.