Го повикуваме Спасовски да се разбуди или да се отрезни. Трагедија е сама по себе неговава изјава дека се согласува со Агелер дека неказнивоста на криминалците е голем проблем на државата – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат:

Ако се согласува со Агелер нека си поднесе оставка, зашто од 10-те години за кои збори Агелер тој е министер за внатрешни скоро 9 години.

До толку е забеган што не сфаќа дека согласувањето е и признание за сопственото промашување и невршење за својата обврска за што мора да сноси одговорност.

За овие случаи, народот вели ем шуто ем боде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.