Имаме коректна комуникација со министерот за образование и наука, но ако до 15 март не го добиеме бараното покачување на платата, ќе ја прекинеме наставата со генерален штрајк, изјави за „Слободен печат“ првиот човек на СОНК, Јаким Неделков.

Најниската плата на еден наставник е 24.500 денари, а со покачувањето кое го бара СОНК оваа сума би се искачила на повеќе од 40.000 денари.

Тој повикува на единство помеѓу наставниците без разлика од која политичка партија се, а директорите ги повикува да не го бојкотираат шрајкот.

Доколку не се реши проблемот до 15 март, Советот на СОНК ќе донесе одлука врз основа на постигнатите резултати. Сметам дека наставниците се сплотени без разлика на политичките партии. Од директорите очекувам сè, дури и притисок врз наставниците, но ако го направат тоа, ќе биде срам за нив, изјави Неделков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.