Првиот вицепремиер Артан Груби синоќа пред чаирчани обелодени дека оставка доставил до лидерот на ДУИ Али Ахмети уште од првиот ден откако станал вицепремиер и министер за политички систем.

И јас и Бујар Османи, ако Али Ахмети ни каже да си одиме дома, нема гајле. Јас му ја испратив оставката уште од првиот ден кога станав функционер, неговиот збор е последен збор за мене – им порача Груби на жителите на Чаир.

Според Груби, Али Ахмети дал се од себе за Чаир.

Ахмети даде се од себе за Чаир и сиот свој политички капитал го вложи во Чаир. Можеше да го испрати „Скендербег“ во Тетово, многу полесно ќе беше Универзитетот „Мајка Тереза“ да го однесе во Кичево, но неговата политика беше да ги зајакне Албанците од Скопје и да ја врати политиката во Скопје, а тоа ви пречи – рече меѓудругото Груби.

Првиот вицепремиер, министерот за надворешни работи Османи и други функционери на ДУИ по средбата со жителите рече дека Чаир е со Али Ахмети и со ДУИ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.