Блокади и бојкоти не се категорија за напредок на демократијата, која се унапредува со дебати и компромиси, изјави денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети коментирајќи ги најавите за блокада на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Мислам дека ние сме држава која има прогрес во овие вредности. Не мислам дека бојкотот и блокадите ќе ни служат за да одиме напред, додаде тој, одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на книгата „Арбрешите помеѓу реалноста и митот“ во организација на Општина Чаир и во соработка со Институтот за духовно-културно наследство на Албанците.
Осврнувајќи се на барањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за лидерска средба, Ахмети посочи дека нема ништо лошо во средби, под услов тие да не бидат условувани и со наметнување на теми, туку за одредени и важни прашања поврзани со напредокот на политиките на државата.
Во ова прилика сакам да истакнам дека е важно да има средба и консултации како да се затвори прашањето со Бугарија, спор кој не спречува кон напредокот и почнувањето на преговори со ЕУ. Сигурно ние е потребен политички и етнички консензус во државата. Решавањето на овој проблем ги зацврстува стабилноста, мирот, безбедноста и релаксирањето на односите меѓу соседите, истакна Ахмети.
Тој потенцира дека многу пати досега повторил оти мирот, стабилноста и безбедноста на една државата зависат и од односните изградени со соседите, бидејќи злото прво доаѓа од соседите.
За ова ситуација може да има дебата и средба. Но, не и за блокади. Затоа што блокадите и бојкотот значат пречка во напредокот на понатамошните процеси на државата, изјави лидерот на ДУИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.