Надеж дека до крајот на јуни ќе се најде решение и ќе има „епилог во корист на мирот, стабилност и иднината“ изрази лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Сега овој процес го олеснува претседателот Макрон. Јас сум оптимист затоа и верувам во решение до крај на овој месец со епилог во корист на мирот, стабилноста и идниата. Јас верувам во иднината и верувам во решението до крај на јуни затоа што има значајна ангажираност на нашите пријатели и сојузници и затоа верувам во нивната определба и олеснувањето кое што претседателот Макрон го презема врз себе за Балканот да биде посигурен, побезбеден, помирен, бидејќи доволно е да оставиме вакум или отворени и нерешливи теми или пак да ги одолговлекуваме проблемите за да имаме секакви искри тука, рече Ахмети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.