Во интервју за РТВ21 Косово, лидерот на ДУИ Али Ахмети беше запрашан, односно му беше посочено дека има шпекулации дека неговата партија и СДСМ се договориле за резултатите од пописот, односно за бројките, колку ќе бидат Македонци, колку Албанци и таканатаму.

На ова Али Ахмети одговори дека тезата е смешна и не е вредна за дискусија.

„Треба да ви дадам одговор за конспиративни тези, ова никако не стои и не вреди да се трудите да го анализирате, нема апсолутно ништо точно. Овие шпекулации и конспирации се прават од страна на тие кои сакаат политички да профитираат“, рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.