Независно од тоа што овие избори беа без волја, сепак законот законот требаше да се почитува. Поради немањето искуство на актуелното раководство на општината, неизбежно беше да се почитува законот за да се организираат избори за Советот на општина Тетово,изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети по денешните избори.
Иако неучеството беше многу големо на овие избори за жал и во непогодно време, сепак таа е демократијата и ние ја почитувавме.
Досегашните резултати од 76% од изброените гласови се следните: ДУИ-7706 гласа Беса-8341 глас ДПА-788 гласа Алијанса-614 гласа Алтернатива-699 гласа ВМРО-2169 гласа СДСМ – 1313 гласа Листа подобро за Тетово – 414 гласа Левица – 347 гласа Турската партија – 164 гласа Ромската партија 104 гласа Интегра-94 гласа.
Уште еднаш да повторам. За нас важни се процесите. За нас е важно и понатаму да инвестираме во демократските стандарди почнувајќи од изборните процеси се до силно инсталирање на владеењето на правото на правната држава. Посакуваме наредниот совет независно од бројките да биде функционален и да не се прават грешките кои се правеа во минатото и луѓето повторно да се носат на избори
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.