Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, се обрати пред иселениците во Швајцарија, нагласувајќи ја загриженоста за состојбата со правата на Албанците во Македонија. Во фокусот на неговиот говор беа прашањата за употребата на албанскиот јазик и легитимитетот на Владата во однос на албанскиот електорат.
„Мицкоски не може да формира влада без легитимитет од Албанците, затоа што ние освоивме над 60% од гласовите на албанскиот електорат,“ рече Ахмети, критикувајќи ја политиката на ВМРО-ДПМНЕ како националистичка и штетна за двете најголеми заедници во државата.
Претседателот на ДУИ предупреди и за опасноста од руското влијание во земјата, подвлекувајќи дека единствена алтернатива за Македонија е евроатлантскиот пат и силното партнерство со САД.
Ахмети ја критикуваше неконзистентноста на албанските политички опоненти, потсетувајќи дека постигнале договор за поддршка на уставните измени, кој подоцна бил негиран.
Посетата на Швајцарија е дел од турнејата на Ахмети низ дијаспората, каде што централно место зазема собирот во Арау, по повод годишнината од Првото соопштение на УЧК.
Ахмети ја заврши својата порака со апел за единство и посветеност на заедничките цели за просперитет и стабилност на Албанците во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.