Лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе ги повика „огнените“ на средба за да го смири незадоволството на групата, предводена од Изет Меџити, Муса Џафери, Невзат Бејта, Блерим Беџети и Висар Ганиу со цел во партијата, а не на јавна сцена, да бидат надминати недоразбирањата, брифираат за „Слободен печат“ високи функционери од ДУИ.

Неизвесно е дали лидерот на ДУИ ќе успее во намерата, бидејќи Ахмети не ни помислува да го смени првиот вицепремиер Артан Груби, ниту, пак, кој и да е друг министер од ДУИ во Владата на премиерот Димитар Ковачевски.

Ова, според „огнените“, ќе значи отворање внатрепартиски фронт, кој може да заврши со фракционерство или со формирање нова партија, бидејќи условот им е смена на сите министри од ДУИ.

Ако го познаваат Ахмети, треба да знаат дека лидерот не подлегнува на притисоци и на уцени и дека најмалку сака внатрепартиските проблеми да се решаваат преку писмо во јавноста и преку медиуми, туку со дебата во партијата. Ахмети ќе ги повика „огнените“ на средба, но нејасно е од што се незадоволни тие кога во изминативе 20 години сè што можеа, добија од партијата и од државата, вели функционерот на ДУИ.

Се очекува наскоро да се доекипираат партиските тела и да се избере најтесното партиско раководство – потпретседателите, со што ќе се одземе еден од аргументите на „огнените“ дека три години по Конгресот не се избрани органите на партијата и дека за битни прашања за партијата и за државата одлучуваат Ахмети и Груби.

Од ДУИ брифираат дека „огнените“ ќариле сè што може да се ќари и дека најмалку тие треба да прозиваат за реформи и за демократизација на партијата.

Целиот текст на линкот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.