Не сум ги обвинил телевизиите Алфа и Телма. Јас сум иритиран од тоа што го слушам на ТВ Алфа од сограѓаните Македонци кои со говор на омраза зборуваат против Албанците, дека Албанците ќе ја преземаат државата, дека Македонија станува Албанија се до навреди упатени до Артан Груби и до Бујар Османи, изјави вечерва претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, коментирајќи ја вчерашната негова изјава од Гостивар што предизвика низа реакции од новинарските здруженија.

Оваа земја е наша заедничка. Мора заедно да ја изградиме. Мора заедно да одиме напред. Заедно мораме да придонесеме за членство во ЕУ – рече Ахмети во вечерашната емисија „Клан дебата“ на Телевизија Клан.

Ахмети наведе дека во ДУИ нема криза, туку внатрепартиска дебата.

Во ДУИ нема криза. Има внатрешна дебата, која никогаш не сум ја цензурирал, ниту сум користел автократски средства за да го угушам различното мислење во ДУИ, но не и да се дозволи анархија бидејќи анархијата е штетна за сите. Нема програмско незадоволство, нема незадоволство околу визијата, едноставно ‘зошто е тој, а не јас’, зошто да е Хасан, а не Хисен – рече Ахмети.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Левица преговараат за да обезбедат мнозинство од 61 пратеник за, како што рече, „да ја закопаат ДУИ“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.