Претседателот Стево Пендаровски од денеска, 17 јануари 2023 година, вторник, ќе учествува на Годишниот состанок на Светскиот економски форум кој се одржува во Давос.

Според програмата, претседателот Пендаровски говорeше на панел сесијата „Во одбрана на Европа“, што започна во 8:30 часот. На дискусијата говореа и Анджеј Дуда, претседателот на Република Полска, Гитанас Науседа, претседателот на Република Литванија, како и Хозе Мануел Алваерез Буено, министер за надворешни работи, ЕУ и соработка на Шпанија и Светлана Тихановскаја – лидерка на Демократските сили на Белорусија.

Во рамки на форумот, предвидено е претседателот Пендаровски да учествува на сесијата „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“, како и да оствари повеќе билатерални средби со учесници на форумот.

Годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос, насловен „Соработка во фрагментиран свет“ се одржува од 16 до 20 јануари 2023 година, на кој се очекува лидери од политиката, бизнисот и граѓанското општество да се осврнат на состојбата во светот и да разговараат за приоритетите за годината што претстои.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.