Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска истакна дека тие избрале и се директни придонесувачи за решавање на проблемот со Грција.
Според него, како резултат на тоа Македонија влегла во НАТО, создавајќи безбедност за земјата, притоа додавајќи дека придонесуваат и за решавање на проблем со Бугарија.
Ахмети додаде дека Европскиот фронт и ДУИ биле апсолутни победници во албанскиот табор, притоа додавајќи дека се за мир и стабилност.
Граѓаните дадоа своја оценка и мислење, апсолутен победник во албанскиот табор беше Фронтот заедно со ДУИ. Сега имаме две филозофии, интеграција и изолација. За ова граѓаните ќе бидат одредени на изборите на 8 мај. Ние сме за мир, ние сме за стабилност, ние сме за поголема безбедност, ние сме за иднината, не сакаме да ја повторуваме историјата затоа што е болна и како таква мора да ја паметиме за да не се повтори туку да градиме иднината. Нашата иднина е во Европската Унија, нашата иднина е нула проблем со нашите соседи“, рече Али Ахмети.
Тој се осврна и на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за кого истакна дека не може да се измери со него.
Не ме лути затоа што не може да се измери со мене, рече Ахмети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.