Собраниската седница на која се расправа за владината реконструкција ќе продолжи во 23 часот, на барање на координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митревски.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, објавија дека во собраниската сала пратеници од власта речиси и да нема.

Почитуван потпретседателе закажавте почеток на седницата за 21:30 часот а касните 15 минути. Потоа излегува секретарот за меѓународни односи на СДС и вицепремиер Маричиќ и обвинува дека опозицијата нема аргументи и го блокира Сонранието за да не може да се избере влада”, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на денешната собраниска седница.

Мицевски посочи дека од една страна обвинувате за блокада од опозицијата а од друга страна пред 10 дена на една национална телевизија велевте дека Собранието работи и дека сме донеле 374 закони, 140 одлуки и 20 ратификации.

Па како ќе се издбере Влада кога има 3 пратеници од СДС во Собрание присутни од партијата од која доаѓа вицепремиерот и меѓународен секретар и обвинува дека без аргументи зборувала опозицијата, рече Мицевски.

Мицевски запраша за тоа кој да ги слушне аргументите? Скапиот ПР што го промовирате и што кажува она што сакате да го слушнете вие? А од друга страна анкетите кажуваат сосема друга работа.

За жал пратениците од власта од срам бегаат затоа што цел ден треба да слушаат што се не изработила оваа ненародна власт во државата, посочи Мицевски.

Маричиќ дојди во Собрание да ги слушнеш аргументите на опозицијата. Во 21:45 нема никој од вашите пратеници, нема никој од вашата Владата. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се во сала, но нема со кој да дебатираме. Очигледно на пратениците од СДС им проработе срамот од дебаклите на Таче, па избегаа од седницата за реконструкција на Владата, објави на Фејсбук пратеникот Бране Петрушевски.

И пратеникот Драган Ковачки ѝ забележува на владејачката гарнитура што никој од пратениците не е во салата за да го брани „новото зголемено мноизнство„ на Ахмети.

Ахмети ја бира новата Влада на Македонија, а од новото “зголемено” мнозинство нема никој да го брани неговиот предлог.
Ковачевски-слугата на Ахмети и на Еди Рама не е свесен што и’ прави на својата држава, пишува Ковачки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.