Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска го повика актуелниот градоначалник на Тетово Биљал Касами, со докази да ги потврди обвинувањата за злоупотреби на општинскиот буџет за време на мандатот на поранешната градоначалничка од редовите на ДУИ Теута Арифи.

– Ако Биљал Касами има аргументи за своите обвинувања, нека се обрати до институциите или органите што можат да ги покренат овие прашања. Не би сакал прашања од дневната политика да добиваат политички терен, да оцрнуваат личности, да оцрнуваат политички партии да користат неаргументирани работи во правен процес, истакна Ахмети.

Во одговор на новинарско прашање дали разговарал со Теута Арифи во врска со наводите за големиот број склучени договори на дело во Општина Тетово, за време на нејзиниот мандат, Ахмети одговори дека се уште не разговарал со Арифи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.