„Ова не се однесува на криење имот, бидејќи возилото има адреса, има сопственик, се знае чија сопственост е. Секому се случува да позајми возило“ – вели лидерот на ДУИ во интервју за „360 степени“ на МРТ 1
И мене ми се случило да позајмам кола.
Со овие зборови лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1 застана во одбрана на првиот вицепремиер Артан Груби за случајот со автомобилот што го користел, а не е во негова сопственост, за што јавноста дозна откако колата во јули беше опожарена.
„Јас мислам дека се прават позајмувања, за дневна употреба, и мене ми се случило да позајмам. Можеби и вам ви се случило да позајмите кола. Но, со тоа возило Артан Груби не отишол на работа и не правел официјални посети, туку ја употребил за приватно патување со неговото семејство во Тирана, значи за приватно патување“, рече Ахмети.
За можноста на ваков начин да се крие имот, Ахмети тврди дека тоа не е случај со Груби.
„Ова не се однесува на криење имот, бидејќи возилото има адреса, има сопственик, се знае чија сопственост е. Секому се случува да позајми возило. Дали Груби отишол со државна кола со семејство на семејно патување во Тирана? Не, тоа е злоупотреба. Ако се злоупотреби државниот имот, државна кола. А тоа што пријател му ја позајмува колата за семејна посета, не мислам дека има прекршок, криење и злоупотреба“, вели Ахмети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.