Раководството на ДУИ, паралелно со незадоволните поранешни високи функционери на ДУИ, одржуваат трибини по општинските ограноци.
Ахмети и Артан Груби одржаа трибина во Гостивар.
Ахмети на трибината рече дека не корумпира власта, туку стравот од нејзиното губење.
Ахмети рече дека нема намера да го смени Артан Груби и се осврна и на поделбите во партијата.
Десет години бараа смена на Муса Џафери, но јас не сум го сменил затоа што тоа било волја на мнозинството. Абдилаќим упорно бараше да го сменам, но јас не го сменив затоа што беше таква волјата на мнозинството. Сега бараат да го сменам Артан Груби, но не го менувам. Таква е волјата на мнозинството. Генералниот совет одлучи. Кому му вршиме услуга со овие движења што се прават? Сигурно дека на непријателите на Албанците. Ракоплескаат, Алфа, Телма, мелма…што се тие. Што, што добија Албанците што се делеа во минатото. Ништо не добија, коментираше Ахмети.
Непријатели медиумите своевремено ги нарекуваше и Зоран Заев.
Во моментов став на СДСМ и мој личен став е дека поголем политички непријател за нас како опозиција се медиумите како што се Сител, Канал 5, Алфа, Дневник и Македонската Радио Телевизија. Вие не сте наши политички непријатели, вие сте медиуми кои што меѓу другото се финансирате и дел од пари на граѓаните.Тоа се и мои пари и ваши пари и на опозиционери и на поддржувачи на власта, велеше Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.