По средбата на претставници од албанските партии од Македонија во Тирана, лидерот на ДУИ Али Ахмети беше прашан дали неговото видео на кое тој пее и пуши, објавено од вицепремиерот Артан Груби, е злоупотребено.

Доброто е што никогаш ме немате видено да плачам, туку само да пеам и во униформа, одговори Ахмети.

Груби на „Тик ток“ сподели нови снимки со Ахмети, овојпат од заедничката прошетка низ Тирана, а во позадина на видеото пее албанска песна со наслов „Гиганти“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.