Лидерот на Демократската унија за интеграција(ДУИ), Али Ахмети денеска му честиташе на албанскиот премиер Еди Рама за почнувањето на преговорите со Европската Унија(ЕУ).

Вели дека ова се одлични вести од Луксембург за Албанија, Албанците и целиот регион на Југоисточна Европа.

„Срдечно им честитам на сите Албанци, на премиерот Еди Рама и на целиот тим кој неуморно работеше на отворањето на првото преговарачко поглавје. Се надевам дека Албанија ќе работи напорно кон остварување на целта за членство во Европската унија во 2030 година. Мора исто така да го нагласам очајот што Македонија денеска не е до Албанија поради блокирањето на нашето европско патување како резултат на неспроведувањето на преговарачката рамка одобрена од Советот на Европската Унија и Cеверна Македонија. Мораме да дадеме се од себе за да ја обезбедиме и запечатиме европската иднина на нашите граѓани, демонстрирајќи лидерство и решителност. Немаме друга алтернатива! Европа е нашиот единствен пат“, пишува Ахмети на својот официјален Фејсбук профил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.