Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, ја повика Владата на Косово да разговара со премиерот Мицкоски, како што изјави за косовска телевизија, за проблемите на Албанците во државата. Ахмети изрази загриженост за непочитување на Охридскиот договор, по иницијативите за укинување на некои одредби од Законот за употреба на јазиците.
„Суштината, сржта на Охридскиот мировен договор е засегната од измените за кои се тврди дека се прават на Законот и употребата на албанскиот јазик во Република Македонија, етничката припадност е отстранета, што е и дел, суштината на Охридскиот мировен договор. Без етничка припадност и декларирање на етничката припадност, може да има десетици причини зошто Албанците не се професионално подготвени и се оставени да бидат маргинализирани, всушност се инсталира доминација на мнозинството над втората албанска заедница во Македонија и овие случувања се загрижувачки за нас“, изјави Ахмети.
Денеска во Приштина заедничка седница ќе одржат владите на Македонија и на Косово. Претходно премиерите Мицкоски и Курти ќе одржат тет-а-тет средба, по која министрите ќе дискутираат за нови проекти и ќе потпишат билатерални договори и меморандуми за соработка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.