Американската амбасадорка во Македонија, Анџела Агелер, остварила средба со шефот на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, Гаврил Бубевски.

Како што информираат од Амбасадата на САД во Скопје, Агелер на средбата со Бубевски ја изразила поддршката за независното обвинителство.

Ја изразив нашата поддршка за независното обвинителство, кое е клучно за унапредување на владеењето на правото и евроатлантските интеграции на Македонија. Граѓаните на Македонија заслужуваат правда и непристрасно одлучување, потенцирала амбасадорката Агелер, се посочува во објавата на американската амбасада.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.