Проф. д-р Африм Османи, универзитетски професор е овогодишен добитник на државната награда „Св. Климент Охридски во областа на воспитанието и образованието. Во областа на културата и уметноста наградата оваа година им се доделува на академик Влада Урошевиќ, писател и Исмет Рамиќевиќ, ликовен уметник. Во областа на здравството, наградата му се доделува на проф. д-р Сашко Јовев, кардиохирург, соопшти денеска Секторот за следење, развој и логистичка поддршка при Министерството за култура.

-Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, во согласност со Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06, 54/07, 74/12, 99/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 98/19), и Правилникот за работа на Одборот, на својата седница одржана на 3.11.2022 година, донесе одлука за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2022 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија, се вели во соопштението.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 8 декември во 12 часот во свечената сала на Собранието на Република Македонија.

Претседател на Одборот за државната награда „Св. Климент Охридски“ е академик Газанфер Бајрам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.