Изјава на лидерот на Алтернатива Африм Гаши по седницата на Централното собрание на која се одлучуваше дали и понатаму партијата ќе биде дел од извршната власт.

По официјализрањето на влезот на Алијанса за Албанците (АА) во владината коалиција Ковачевски предложи реконструкција на Владата со која АА добива министри во три ресори со кои раководеше  Алтернатива.

Од СДСМ вчера порачаа дека на партијата  на Гаши и била понудена опција за продолжување на соработката. -Дадовме простор и предлог-решенија со својот кадровски потенцијал да дадат придонес во коалицијата, но, за жал, не дадоа свој предлог, со што де факто одлучија да ја прекинат соработката до овој момент.  Партијата е добродојдена и нашата врата е отворена за некаква наредна соработка, но не само кон Алтернатива туку и кон сите политички партии или пратеници што и мислат добро на државата и коишто ќе застанат зад европскиот пат на државата како наша стратешка заложба, изјави партискиот портпарол и пратеник Дарко Каевски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.