Адријана Ацевска, се придружува на неколкуте музичари, коишто се откажаа од настап на одбележувањето на 8 Септември во Пеленица во Скопје, затоа што не биле информирани дека плановите се тоа да биде партиски настан на СДСМ, наместо прослава на државниот празник.

Почитувани… сакам и јас да се обратам во врска со настанот кој треба да се случи на 8 септември… Во тек на договорот никој не спомна дека ова ке биде партиски поврзано… Рекламата ја видов утрово… НЕ СУМ ПАРТИСКИ ОПРЕДЕЛЕНА ни ке бидам … така што јавно се откажувам од овој настап за кој, уште еднаш ке кажам, требаше да биде НАРОДЕН СОБИР, а не ПАРТИСКИ НАСТАП, реагира Ацевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.