Пратеничката група на Алијансата за Албанците денеска го избрала пратеникот Аднан Незири за координатор.

Изборот на Незири за координатор доаѓа по назначувањето на претходниот координатор Сурија Рашиди за директор во А.Д. МЕПСО.

-Незири ќе ја претставува нашата пратеничка група на координативните состаноци и сите други процеси во Собранието.  Пратеничката група на Алијансата за Албанците ќе продолжи да биде гласот на гласачите на АА и воопшто на Албанците, во Собранието на Република Македонија, соопшти Алијансата за Албанците преку социјалните мрежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.