Министерството за образование и наука во изминатиот период е насочено кој целосна дигитализација на сите процеси во образовниот систем. Голем дел од услугите кои ги нуди образовниот систем, како што се запишување на дете во прво одделение, запишување на ученик во средно училиште, запишување на ученик во спортска академија, нострификација на дипломи стекнати во странство за основно, средно и високо образование, секаков тип на ученички и студентски стипендии, сместување во ученички и студентски домови, субвенциониран оброк, конкурси од областа на науката се дигитализаирани. Ова го истакна министерот за образование и наука, Јетон Шаќири на панел дискусија посветена на дигитализација на образованието, која е дел од одбележувањето на 20 годишнината на Американски универзитет на Европа – ФОН.

Лани летото беа актуелени вестите за огромни редици за упис на еден од најатрактивните факултети кај нас, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) каде што идните студенти веќе со часови чекаат во долгите редици за да ги остават своите документи.

Министерството и Бирото за развој на образованието, со поддршка на УНИЦЕФ и Владата на Велика Британија го развија порталот Едуино, наменет за поставување и користење на дигитални образовни ресурси, а воедно служи и како систем за учење на далечина, за што, министерот Шаќири особен акцент дава на најновите онлајн модули за континуиран професионален развој на наставниците и е-библиотека за ученици и наставници.

Во иднина ќе ги задржиме традиционалните хартиени учебници во основното и средното образование, но ќе обезбедиме и дигитални верзии, заради полесна достапност и примена од страна на оние за кои се наменети, додаде министерот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.