Најновото соопштение на Стејт Департментот го потврди тоа што ВМРО-ДПМНЕ подолг период наназад го зборува, дека ДУИ е криминализирана структура. Ставањето на Рамиз Мерко од ДУИ на црната листа на САД, е институционална потврда на сите сомнежи и афери кои ги вадеше ВМРО-ДПМНЕ за кадрите на ДУИ, вели Мирче Аџиоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Според соопштението на Стејт Департментот, Рамиз Мерко е вмешан во значителна корупција.

Дополнително се нотира дека Мерко како градоначалник злоупотребувал фондови, а се мешал и во судски постапки.

ВМРО-ДПМНЕ подолг период наназад алармира за злоупотреба на буџетски средства, а за тоа дававме и конкретни аргументи.

Истовремено со години алудираме на партизацијата во судството која се прави од страна на ДУИ и СДС. Дуизацијата на судството допринесе кадри на ДУИ да можат да влијаат на постапки, како што се нотира и во соопштението на Стејт Департментот.

Ова не е прв пат нашите меѓународни партнери да ја нотираат дуизацијата на судството, истото беше и со назначувањето на Ислам Абази за шеф на обвинителството за организиран криминал, кој беше фатен во друштво со цел врв на ДУИ, кои пред да излезат фотографиите тврдеа дека не го познаваат.

Ваквите соопштенија, извештаи и ставови на нашите меѓународни пријатели се уште една потврда на сето тоа што го зборува ВМРО-ДПМНЕ, дека ДУИ мора да замине во политичка пензија. Таа партија мора да се исчисти од криминалните и корумпирани кадри, време е за промени – додава Аџиоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.