Ако некој дел од општеството нема морал, кредибилитет да зборува, тоа се судиите, вели универзитетскиот професор Висар Адеми во емисија на „Ора“.

Ако тие одлучиле како суд кој е новинар или кој не е новинар, вие треба да формирате одбор и да одлучите кој е судија, а кој е квалификуван да не може да биде судија. Да возвратите со иста карта. Вие на пример, кога ќе направат ваков тип на одбор, оваа госпоѓа што ја донесе оваа одлука, е добро да не ја квалификуваш за судија. Ако има некој дел од општеството што нема морал, нема кредибилитет да зборува, тие се судиите што ја уништија оваа земја, а ниту јас ниту вие не го кажуваме ова, се кажува во Извештајот на Прибе, на Европската Комисија, го кажува граѓанинот и тоа дека тој што краде ќебапи завршува во затвор, а овој другиот што украл милиони станува министер или се ослободува од одговорност. Вие треба да го создадете вашиот одборот и да креирате досиа за судиите. Не можеш да станеш судија, не можеш да станеш обвинител, не можеш затоа што немаш морал, немаш кредибилитет. Моралот и кредибилитетот мора да ги утврдат оние кои немале никаква одговорност и за кои нема докази за злоупотреба на ова општество. Тие дадоа докази и мора да им возвратите во ист начин: Сè што ќе кажете за нас, ние ќе го направиме за ваша страна, рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.