Откако Министерството за култура објави дека нема да префрли средства на Општина Крива Паланка за организирање на музичкиот фестивал „Џој Фест“, бидејќи ќе настапи Аца Лукас, градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, уверува дека настапот на српскиот турбо-фолк пејач е во чест на Денот на рударите, како и по повод 29 август, прославата на патрон-празникот на градот и чествувањето на светецот –закрилник на оваа општина, Јоаким Осоговски.

Парите од Министерство за култура не се префрлени на сметка на општината, досега само е склучен договор. Настапите на сите учесници на „Џој Фест“, кои се исклучиво македонски изведувачи, како и концертот на Аца Лукас, веќе се платени од спонзори. Министерство за култура не мора да ги префрла предвидените средства, иако станува збор за недоразбирање. Тие средства, вкупно 153.000 денари секако беа наменети за македонските пејачи кои ќе настапат на „Џој Фест“: Каролина Гочева, Бени „Нон Стоп“, Гоце Саф, „Бас брадарс“ и други, што значи исклучиво македонски пејачи. Но и за нив тие 153.000 денари од Министерство за култура не се доволни, поради што бројни спонзори и донатори обезбедија средства и овие пејачи веќе исплатени – вели Митовски.

Основан како рок-фестивал, „Џој Фест“ годинава ќе се одржи по деветти пат, по две години пауза поради ковид-пандемијата. Иницијативата за формирање на фестивалот е од група музичари од градот кои го отстапија на органзиација на Општина Крива Паланка.

Годинашниот фестивал е дел од „Кривопаланечко културно лето 2022“ поддржано од Министерство за култура, Општина Крива Паланка, Националан установа Центар за култура Крива Паланка, Локална установа Градски музеј Крива Паланка, со поддршка и од Европска куќа Крива Паланка на дел од настаните.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.