Според Алијанса за Албанците, одлуката на Судот од Стразбур силно удира врз оние кои се надевале и се обидувале да се пазарат со правдата во интерес на криминалот и корупцијата.

Преземањето одговорност во секторот за правда од страна на АА, без хипотеки на ВМРО, предупредувањето за спроведување на ветингот, формирањето на Бирото за конфискација на криминален имот и генерализацијата на заплената на криминалните имоти, со право создаде паника во редовите на криминализираните партии. Структурите блиски до експремиерот Никола Груевски и опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе го зголемат интензитетот на навреди, клевети и манипулации кон нас во последните обиди за спас, но, како и овој, како и многу други обиди, ќе пропаднат, а на крајот ќе победи правдата, велат од Алијанса за Албанците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.