Целата јавност синоќа беше сведок на сценарио за напад врз Албанците од Скопје и нивните имоти, слично како во минатите сценарија каде Албанците се жртвуваа за политички цели и пазарења, а ДУИ, ЛСДМ и ВМРО добиваа политички поени, се вели во реакцијата на АА.

-Патот кон ЕУ не треба да биде за цена на имотот и животот на албанскиот граѓанин. Ова го кажуваме отворено и гласно за оние кои го жртвуваат Албанецот во име на европеизацијата и против оние кои ги насочуваат антиевропските протести против најевропскиот народ, албанскиот народ.

Контаминацијата и метастазирањето на Левица во ВМРО-ДПМНЕ, враќањето на заедничките сценарија на ДУИ и ВМРО како во времето на груевизмот, сега со подршка и на СДСМ, се лесни за читање и неприфатливи за Алијансата за Албанците. Не дозволуваме да бидеме ниту дел, ниту жртва на вакви сценарија. Алијансата за Албанците не дозволува повредување на Албанците, ниту омаловажување на Албанците, ниту нарушување на гордоста на Албанците. Затоа, без оглед на постојаните тенденции за извалкање на Алијансата за Албанците, нејзиниот чист и прав пат, кон западните вредности, кон целосна рамноправност на Албанците овде во Македонија, објавуваме дека соработките кои се обидоа да и ги подметнат на Алијансата се само инсинуации во болните умови на нашите политички опоненти. И ако сакаат уште еднаш да се потврди, Алијансата за Албанците е на Албанците и на никој друг, таа е на народот и на никој друг, таа е во Алијансата со НАТО и Западот и со никој друг. И за да го потврдиме тоа, како резултат на последните случувања, антиалбанските повици, сценарија кои нашиот здрав разум не може ни да ги разбере, прекинуваме секаква соработка се додека овие политички субјекти не ја рефлектираат и запираат логиката на политичко профитерство со анатемизирање на Албанците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.