Вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 се дебатираше на темата дали ќе има една изборна единица во Македонија. Гости  се Павле Трајанов, Елми Азири и Александар Спасеновски.

Азири, кој доаѓа од Алијанса за Албанците, кажа дека поради тоа што има голема разлика во број на гласачи од една до друга изборна единица, има нееднаквост меѓу пратениците.

Албанците се претежно во шестата, првата, втората и петтата изборна единица. Моменталниот изборен законик има некои недоследности. Има огромна разлика од една до друга изборна единица по бројот на гласачи, и од тука извира нееднаквоста меѓу пратениците. Една изборна единица со помал број гласачи избира пратеник, и друга изборна единица со поголем број избира пратеник – рече Азири.

Тој претходно кажа дека неговата партија е против една изборна единица, и дека предлага да има осум.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.