Претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешната собраниска седница направи неколку последователни скандали. Првично на дневен ред не беа ставени два предлог-закони на Алијансата за Албанците, законот за основно и средно образование и законот за игри на среќа. Од друга страна, експресно ги опфати предлозите на мнозинството, кои беа поднесени многу подоцна од предлозите на АА – реагираат од АА.

Понатаму додаваат:

Од таа причина, координаторката, Илире Даути побара процедурална интервенција при расправата за дневниот ред, но иако Правилникот го дава ова право на координаторот, Џафери не и даде збор, туку се обиде да и даде збор на министерката за труд и Социјална политика. Како што дозволува Правилникот, на говорницата излезе координаторот на АА и по реакцијата на пратениците од опозицијата, министерот го прекина говорот, а Џафери беше принуден да се предаде.

Ова не е прв пат, туку еден од најскандалозните случаи кога претседателот на Собранието се обидува да го задуши гласот на албанската опозиција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.