Врз пратениците и врз раководството на ВМРО-ДПМНЕ можам да кажам дека има притисоци, некои посуптилни, некои подиректни и некои може и граѓаните да ги приметат, рече Антонијо Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет на партијата на гостувањето во емисијата За или против што се емитува на телевизија Алфа.

Власта е таа која ургира кај странски претставници да влијаат врз опозицијата. Тие не зборат со нив за проекти, туку главно барање им е дојдете во Македонија и притискајте ја опозицијата. Но, 44 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за иницијативата за уставни измени, а и најмалку двајца од владејачкото мнозинство се исто така против уставните измени. И на една координација меѓу Ковачевски и СДСМ и нивната коалиција дошло до расправија дека овие пратеници рекле дека пред се би си дале оставка отколку да гласаат“, вели Милошоски.

Во оваа ситуација, додава Милошоски, Ковачевски однапред си прави алиби.

Ковачевски кога ќе се види дека нема двотретинско мнозинство и меѓу неговите ќе му треба алиби“, посочи Милошоски.

Според него во работната група за уставните измени има несогласување меѓу Алијанса на Албанците и претставникот на претседателот Стево Пендаровски, едните бараат било какви измени, додека претставникот на Пендаровски рекол дека нема мандат да разговара за друго освен за внес на Бугарите во Преамбулата.

Непромислениот, избрзано потпишан договор не само што создаде полоши соседски односи, туку отвори низа на пандорини кутии. Во работната група, доколку еден ден и тие бидат чесни и ги објават записниците ќе се види дека имало размена на различни идеи за редефинирање на Преамбулата, а со тоа и на уставниот поредок“, кажа Милошоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.