Tриесет и двегодишна жена од Тетово починала еден ден по операција за отстранување на камен од бубрег.

Документите за нејзината медицинска историја, до кои дошле од „Слободен печат“, покажуваат дека на 19 јуни младата пациентка од Тетово, влегла во операциона сала на Клиниката за Урологија во Клинички центар во Скопје за елективна операција за отстранување камен во бубрегот, а наредниот ден починала на КАРИЛ.

Нејзиниот сопруг за „Слободен печат“ вели дека ја бара вистината и ќе поведе судска постапка со вештачења од странство.

Прво ни рекоа да го извади го каменот од бубрегот, за да ѝ биде функционален бубрегот. После операцијата рекоа дека го извадиле бубрегот за да ѝ го спасат животот.

Жена ми почина на 19 јуни и имаше три операции, беше враќана во сала три пати. Ја барам вистината, мојот петгодишен син секој ден ме прашува кога ќе си дојде мајка му од болница“, вели за „Слободен печат“ сопругот на починатата пациентка.

Тој денеска добил две отпусни писма, едното од Клиниката за урологија, а второто од КАРИЛ.

Повеќе на „Слободен печат“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.