Во тетовска Брвеница, 15-годишниот Илија Адамчевски го фати осветениот крст на денешното традиционално празнување на Богојавление Водици во црквата Свети Атанасиј.

Старешината на храмот протојереј Ивица Спасеновски ја отслужи празничната литургија, по што беше извршен водосвет и положување на крстот во базенот во црковниот двор, информираат од црковниот одбор при храмот „Свети Атанасиј Александриски“ во Брвеница.

По светиот крст во базенот скокнаа седум учесници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.