Ковачевски и Груби се во паника, пратеници од СДС и ДУИ не се за уставни измени.Ковачевски молчи и не кажува дали тројца пратеници од првата и втората изборна единица му кажале дека ако е се на маса овие уставни измени тие нема да гласаат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ковачевски молчи и дали 6-мина пратеници од внатрешноста на му рекле дека уставните измени, се најлошото нешто што може оваа влада да го направи.
Ковачевски има проблем со 9 негови пратеници, кои се против лошите политики кои ги води тој на штета на државата. И во СДС има луѓе кои знаат како и во која насока треба да оди државата, но тие се потиснати од Ковачевски и луѓето околу него.
Покрај пратениците на СДС, и еден пратеник од ДУИ е под прашалник. Груби молчи и не кажува дали еден пратеник од неговата партија побарал пари за да гласа?
Ковачевски и Груби се во паника, затоа беа сите егзибиции во изминатиов со владино мнозинство. И Ковачевски и Груби знаат дека Уставни измени нема да има, само сакаат да владеат уште некој месец повеќе, за некоја зделка и матен тендер плус.
Ковачевски и Груби не се за ЕУ, тие се за себе, за личен бенефит. Народот ќе ги порази таквите политики, врз база на национални отстапки да се прави криминал со надеж дека ќе помине неказнето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.