Мајка од Скопје вчера пријавила во полиција дека нејзиниот син бил сексуално вознемируван од негов соученик во основно училиште во главниот град.
„На 19.09.2024 во 13.15 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена од Скопје пријавила дека на 17.09.2024 во основно училиште на подрачјето на Карпош во Скопје, нејзиниот малолетен син бил полово вознемируван од негов соученик“, информира МВР.
Од полицијата додаваат дека работат на расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.