Возачот на Мекларен, Ландо Норис, победи на денешната трка од Формула 1 шампионатот возена за Големата награда на Сингапур.

Дваесет и четиригодишниот Британец победи на третата трка сезонава. Тој по шести пат во кариерата стартуваше од пол-позицијата.

Втор заврши Макс Верстапен од Ред Бул. Неговата разлика од Норис беше +20,945 секунди. Првата тројка ја затвори уште еден пилот на Мекларен, Оскар Пјастри (+41,823).

Следуваа Џорџ Расел (Мерцедес), Шарл Леклер (Ферари) и Луис Хамилтон (Мерцедес). Бодови уште освоија: Карлос Сајнц (Ферари), Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Нико Хулкенберг (Хас) и Серхио Перез (Ред Бул).

Верстапен со 331 поен е лидер во генералниот пласман кај возачите. Норис има 279 бодови и е на второто место. Леклер е трет со 245 бодови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.