Рецептот на СДСМ за светла иднина во енергетиката.Последните неколку денови интернет порталите беа преплавени со нарачани текстови од СДСМво кои се тврди дека Владата на Ковачевски во енергетиката за 10 месеци изгради 141 мегават инсталиран капацитет и до крајот на мандатот ќе имаме над 300 мегавати инсталиран капацитет, што претставува половина од годишното производство на РЕК Битола“ , информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Човек да се зачуди како може да се кажат толку лаги во една реченица.

Лаги, лаги и само лаги … и уште малку лаги … за секој случај.

Ова е рецептот за светла иднина во енергетиката на СДСМ.

Сите лаги како обланда треба добро да се завиткани во убави зборови и да се поткрепени со штелувани пресметки од кујната на Бихаќка.

Најчесто обландата е завиткана во следните празни фрази:

Реализирана, инсталирана, интензивно, динамично, остварува, енергетска револуција, неколку пати поголем, значително се зголемува, зголемено домашно производство, целосно и непречено снабдување, нова сила, сигурност за граѓаните и основа за развој на економијата.

Ваквиот начин на дезинформирање на граѓаните нẻ натера да се потрудиме на јавноста да ú ги разјасниме и да ги разобличиме лагите и стратегијата што ја користат центрите за манипулација на СДСМ во енергетиката.

По долготрајно стоење во место триесет години, наводно биле изградени замислете 141 MW за 10 месеци. Дури и да се изградени (а сигурно дека не се) граѓаните треба да се запрашаат:

Чии се изградените електрани и мегавати?

Дали се тоа државни или приватни енергетски капацитети и каква корист ќе имаат граѓаните од нив, кога истите ќе бидат учесници на слободен пазар и ќе ги следат берзанските цени, а граѓаните ќе плаќаат неколкупати поскапа електрична енергија?

Со оглед на тоа што сите членови на фамилиите на лицата ЗЗ, ДК и КА поседуваат компании за тргување со ЕЕ, во најмала рака се отвара сомнеж и се поставуваат прашањата:

Со која енергија би тргувале нивните компании?

Дали можеби новоформираните компании за тргување со електрична енергија ќе ја продаваат енергијата од новоизградените соларни електрани кои можеби се нивни?

За овие памфлети накитени со прекрасни зборови и своеволни вредности да изгледаат посериозно во нив се додаваат и ветувања во стилот на метеоролошките прогнози „поткрепени“ со „експертски“ пресметки:

„До крајот на мандатот ќе имаме над 300 мегавати инсталиран капацитет, што претставува половина од годишното производство на РЕК Битола“.

Можеби подобро оваа реченица да гласи:

„До крајот на мандатот Владата ќе го уништи РЕК Битола за да изгради сончеви електрани за премиерот, министрите и нивните вазали и локални шерифи.“

Ова е мантра која постојано се користи и се повторува последниве неколку години, затоа ќе се обидеме накратко да ја објаснеме нивната лага:

Кога се зборува за енергетика најчесто се користат две физички величини, а тоа се моќност и енергија. Нивните соодветните единици мерки се следните:

W,kW,MW,GW за моќност и Wh, kWh, MWh, GWh за енергија

За да ја објасниме поедноставно лагата ќе ги користиме најчесто користените единици MW за електрична моќност и MWh за електрична енергија.

Кога се зборува за инсталиран капацитет на електрана се мисли на инсталирана моќност и големината на истиот се изразува во MW (мегавати).

Кога се зборува за произведена електрична енергија количеството на истата се изразува во MWh (мегаватчасови).

Најдобро би било да објасниме преку прост пример:

Електрана со инсталиран капацитет од 1 MW може да произведе 1 MWh во текот на еден час.

Доколку истата електрана работи 24 часа континуирано со номинална моќност ќе произведе 24 MWh.

Доколку истата електрана работи 365 дена 24 часа континуирано со номинална моќност ќе произведе 24 Х 365= 8760 MWh.

Но во реалноста не е така и ниедна електрана не може да работи континуирано цела година и ова производство директно зависни од:

  1. Времето потребно за ремонти, одржување, испитување, пронаоѓање и отстранување на дефекти.
  2. Обезбедувањето со гориво за необновливите електрани и количеството на дождови, брзината на ветер и сончево зрачење кај обновливите електрани.

Според ова различните типови на електрани работат со различен Фактор на капацитет кој грубо се движи околу следните вредности:

Нуклеарни електрани 90%

Термоелектрани 70%

Гасни електрани 55%

Хидро електрани 35%

Ветерни електрани 30%

Соларни електрани 17%

Ова значи дека во текот на една година различни типови на електрани ќе произведат различно вкупно количество на енергија.

Термоелектрана со 300 MW инсталиран капацитет за период од една година ќе произведе:

300 MW Х 24часа Х 365 дена Х 70% = 1.839.600 MWh

Сончева електрана со 300 MW инсталиран капацитет за период од една година ќе произведе:

300 MW Х 24часа Х 365 дена Х 17% = 446.760 MWh

Имајќи ги предвид горните сознанија, кога ја разгледуваме фамозната реченица:

„Ќе изградат 300 MW обновливи извори кои ќе заменат половина од годишното производство на РЕК Битола“. Ни станува јасна нивната лага дека е невозможно 300 MW сончеви електрани да заменат 300 MW од РЕК Битола бидејќи сончевите електрани ќе произведуваат 4,1 пати помалку електрична енергија од термоелектраните со иста инсталирана моќност.

Дополнително ова ќе биде електрична енергија која ќе се продава на слободен пазар и профитот од неа ќе завршува во џебовите на фамилиите на Заев, Ковачевски, Анѓушев и останатите нивни потрчковци.

Згора на сẻ, сончевата енергија е енергија која ќе ја имаме само дење, додека во ноќните часови од врвната потрошувачка Република Македонија ќе треба да увезува големи количини на скапа електрична енергија.

Краткиот заклучок во разобличувањето на оваа дрска лага би гласел:

Дневната енергија што би ја произвеле 300 MW приватни сончеви електрани, никако и во никој случај не може да го замени континуираното производство на РЕК Битола ни по количество, ни по квалитет во однос на производните часови, а најмалку па со тоа што РЕК Битола е државна сопственост, а новите сончеви електрани се сопственост на Заев, Ковачевски, Анѓушев и нивната весела дружина.

Лаги на прес конференции, лаги на фингирани дебати, лаги на интервјуа, лаги по портали, лаги по весници… насекаде лаги за светла иднина во енергетиката.

За жал, без разлика дали по некој им верува на овие „авангардни “ликови, без разлика колку се „нафатирани“ во текот на нивното владеење и без разлика дали ноќе мирно спијат поради сето зло што го направија, тие ќе останат запаметени во меморијата на македонскиот народ како ништожници што ја уништиле државата и го погребале македонскиот енергетски систем.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.