„Триаголник на тагата“ на шведскиот режисер Рубен Остлунд е добиник на „Златна палма“ на Канскиот филмски фестивал. Ова е втора ваква награда за Швеѓанецот кој во 2017 година освои „Златна палма“ за „Сквер“ (The Square).

„Триаголник на тагаа“ е остра општествена сатира за класниот конфликт, со веќе неславна сцена со повраќање и дијареа.

Прифаќајќи ја наградата, Остлунд рече дека сакал публиката да се забавува, но и „да си поставувааат прашања, да излезат по проекцијата и да имаат за што да разговараат“.

Наградата за најдобар режисер ја освои Парк Чан-вук од Јужна Кореја. Парк – познат по трилерот „Олдбој“ од 2003 година – победи со еротската крими-драма Decision to Leave („Одлука за заминување“).

Ова беше силна ноќ за Јужна Кореја – наградата за најдобар актер заврши во рацете на Сонг Канг-хо за „Брокер“. Сонг го привлече меѓународното внимание со неговата изведба во „Паразит“ награден со „Оскар“ во 2019 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.