Поставката во првото одделение на Музејот на македонската борба е збогатена со предмети во категоријата ладно оружје од 18. и 19. век, како дел од презентацијата на музејските раритети, информираат од Музејот на македонската борба – Скопје.
Предметите се обработени и евидентирани.
Нагласуваме дека предмети: Хелебарда, Бојна секира,Бојна Вила и Копје се ставени во категоријата на ладно оружје од XVIII и XIX век, како дел од презентацијата на музејските раритети во поставката.
Уметничката обработка на металот при изработка на различни видови оружје, особено се развива во XVII век кога се забележува сложена сублимација на западни и источни стилови и влијанија, а и примена на веќе затекнатите орнаменти во изработка на оружјето.Примената на определени техники и орнаменти, претставуваат препознатлив симбол на македонските оружарски работилници особено од Западниот дел на Македонија.Во македонските оружарски работилници за производство на студеното, но и на огненото оружје, работеле и туфекџии и кујунџии кои раскошно го украсувале оружјето и вложувале голем труд околу нивната изработка.
Токму богатото и раскошно украсување на оружарските производи, со месингани орнаменти, ги направило оружарските производи од Македонија исклучително популарни и препознатливи во пошироки рамки, велат од Музејот на македонската борба.
Од Музејот на македонската борба упатуваат голема благодарност до Благоја Механџиски-Зегин за донација на овие предмети кои се од исклучително значење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.