Bо раните утрински часови заврши снимањето на краткометражниот игран филм Нитамуниваму/Turbo-net, по сценарио и во режија на Надежда Панова. Филмот ја кажува приказната за едно обично македонско семејство и предизвиците со кои се соочуваат неговите членови после смртта на таткото, сопственик на првото интернет кафуле во градот Турбо-нет.

Во филмот настапуваат актери од младата генерација: Ивана Павлаковиќ, Исидор Јовановски, Илија Волчески, Петар Стојанов, Надица Дојкоска, и Матео Матевски, и тим од искусни актери како Катина Иванова, Соња Михајлова, Валентина Грамосли, Сашо Тасевски, Игор Трпчевски и Петар Горко.

Шеф на техничката екипа е снимателот Лашло Кадар, директор на филмот, Виктор Павловски, а носител на проектот е продукцентската куќа Пиреј филм. Филмот е македонско-швајцарска копродукција, подржан од државната Агенцијата за филм – конкурс, лето 2020 – и регионалниот филмски фонд Синефором, Женева. Премиерата е планирана за пролет, 2023.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.