Со проекции на три краткометражни филмови од натпреварувачката програма и француската комедија “Супер херои“ во отворениот амфитеатар во Стар Дојран и официјално се затвори првото издание на Меѓународниот филмски фестивал на медитерански и европски филм „Преку езерото“.
Членовите на меѓународното жири за краткометражни филмови – Ева Камчевска, сценаристка, Гоце Кралевски, продуцент и Василис Мазоменос, режисер, во улога на претседател на жирито, ги додели следните награди:
Посебно признание на тројца актери од хрватскиот филм “Марко” – Мате Гулин, Снежана Синовчиќ и Феџа Стојановиќ. Наградата за најдобро сценарио се доделува на грчкиот филм “Поглед од балконот”, напишано од Арис Капланидис и Елиас Румелиотис. Овој оригинален анимиран филм зборува за обични луѓе од соседство во Атина, прикажувајќи ги реалистично, а не како карикатури.
За брилијантната и модерна режија на многу тешка тема, без форсирање сентиментализам, жирито едногласно реши да ја додели наградата за најдобра режија и најдобар филм на истиот филм – “Што всушност ние не знаеме за Миријам“ на Морад Мостафа.
“Преку езерото“ е прв филмски фестивал од овој формат во Македонија и ќе се одржува традиционално секоја година во првиот дел од месец август. Потпомогнат е од Општина Дојран, а е во реализација на продукцијата Синемон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.