Францускиот институт во Скопје, галеријата Остен и Националната галерија – Чифте амам имаат чест да ве известат и да ве поканат на отворањето на изложбата „Француските уметници од колекцијата на Остен музејот“, во Чифте амам, в среда, 27 ноември 2024, во 19:00 часот.

 

Изложбата ќе ја отворат:

  • Н.Е. г-дин Кристоф Ле Риголер, Амбасадор на Франција, и
  • Г-ѓа Маја Неделкоска-Брзанова, Директорка на Националната галерија.

Инаку, Остен музејот има значителна колекција со повеќе од 15000 уметнички дела од  3000 уметници од над 80 земји (слики, цртежи, графики, скулптури, предмети, како и керамики). Делата во ОСТЕН МУЗЕЈОТ се поделени во национални колекции, од кои француската колекција е меѓу најзначајните и најбројните со близу 200 француски уметници  меѓу кои освен големите мајстори како Анри Матис , се и уметници од модерната и современата уметност како Пјер Сулаж – добитник на ГРАН ПРИ за животно остварување на ОСТЕН БИЕНАЛЕ Скопје 2018 , како и уметници од разни делови на Европа и светот кои поголемиот дел од живот и кариерата ги изградиле во Франција како Пабло Пикасо или Виктор Вазарели.

 

Изложбата е во знак на затворање на прославата по повод  50 годишнината на Францускиот институт во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.