Од 23 до 26 Јуни, по 21. пат ќе се случи Битола Отворен Град, интернационален младински арт фестивал во организација на Младински културен центар Битола.

Организаторите најавија дека ова издание на Битола отворен град ќе биде концептуално пречекорување на двете децении постоење на начин кој ги носи директно во редовите на новите генерации.

Редица артисти од електронската музичка сцена, уметнички дијалози за музика и ликовна уметност, се дел од годинешното издание.

Денес со почеток од 20.30 во дворот на МКЦ Битола, ќе настапат BAD JUJU B2B JOSS. Програмата продолжува на 24.06,петок од 20.30 во дворот на МКЦ со

BERRYQYAT B2B DEJAN DEX.

Тука е и промоцијата на книгата „ВО ДИЈАЛОГ, визуелна и применета ликовна програма на КСП Центар-Јадро (2020-2021)“.

Промотори: Ѓорѓе Јовановиќ и Владимир Јанчевски.

Во сабота на 25.06 од 11.30 во Јагода ќе биде Берзата на винили. Од 20.30 во дворот на МКЦ следува промоција на монографијатата: „МИЗАР Откровенија 1981-2021″ со Тошо Филиповски, како и слушачката промоција на музиката на Мизар со Александар Гулевски.

Во недела е главниот настан од 21.00 во Градскиот парк Битола со:ВЕЛ, БAiLDSA, Helem Neјse.

Фестивалот Битола отворен град е поддржан од Општина Битола во рамките на Бит Фест 2022 .



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.