По двегодишна пауза поради пандемијата, во Битола годинава ќе се одржи осмиот по ред „Битола Шекспир фестивал“ под мотото „Мислата е слободна“. Фестивалот, кој ќе трае пет дена почнува на 25 јуни, сабота и ќе се одржува до 30 јуни.

На сцената на Народниот театар – Битола, посетителите ќе имаат можност да ги проследат настапите на театрите од Полска, Црна Гора, Албанија, Италија, Бугарија и од Македонија.

„Битола Шекспир фестивал“ се отвора со претставата „Макбет“ во изведба на драмскиот театар „Александар Вегиерко” – Бјалисток од Полска.

Свеченото отворање на фестивалот е в петок во 20 часот во Народниот театар – Битола. Влезниците чинат 150 денари.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.