Во четврток, во книжарницата на ТРИ во ГТЦ, со почеток од 19 часот, ќе имате неповторлива можност да разговарате со авторката на „Единствен матичен број“, Лидија Димковска, и да си го препознаете својот идентитет.

На оваа необична средба ќе успеете да откриете што стои зад бројките на единствениот матичен број, кои сме и што сме независно од него, и како да навлеземе подлабоко во себеси. Разговорот ќе го води Виолета Танчева-Златева, а добредојдено е и вашето учество, велат организаторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.