Претставници на Синдикатот на вработените во Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм денеска остварија средба со министерот за финансии Фатмир Бесими, на која ги повторија своите барања за покачување на платите, но не изнајдоа заедничко решение.
Претседателот на Синдикалната организација на УПОЗ при Министерството за култура, Бранко Костовски за МИА потврди дека средбата ја оствариле веднаш по завршување на денешниот протест, на која ги кажале своите барања, а тоа е потпишување на Колективен договор и покачување на платите по принципот на Министерството за финансии.
Костовски рече дека од понеделник ќе продолжат со протестите. Како што додаде во изјавата за МИА, Синдикатот нема да се откаже се до прифаќање на нивните барање.
Инаку, вработените во Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм веќе трета недела по ред излегуваат на протест на кој го повторуваат своето барање за достоинствени плати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.